СДСМ: Владата го подготвува четвртиот пакет мерки, со бескаматни кредити се помогнати 1300 фирми со речиси 17.000 вработени


Владата предводена од СДСМ го подготвува четвртиот пакет антикризни мерки за граѓаните и компаниите, досега, со бескаматни кредити се помогнати 1300 фирми со речиси 17.000 вработени.

Владата предводена од СДСМ, во првите недели од избувнувањето на пандемијата со коронавирусот, реагираше веднаш со суштински мерки и политики за ублажување на негативните последици врз економијата.

Во рамките на мерките за помош за стопанството, со бескаматната кредитна линија КОВИД-1, преку Развојната банка, во стопанството се вбризгани свежи финансиски средства од 5 милиони евра на 737 компании, кои вработуваат над 6.509 лица, од најпогодените сектори: туризмот, угостителството и транспортот на патници, кои беа први на ударот на кризата

Развојната банка пласираше и кредитна линија КОВИД-2 во износ од 8 милиони евра, кои се одобрени за 639 домашни компании во кои работат 11.325 лица.

Со двете кредитни линии, низ отворен, инклузивен процес, беа поддржани над 1.300 домашни компании, а најголем дел од нив се микро претпријатија, кои вработуваат до 10 лица.

Поддршката за стопанството не застанува тука. Следува четвртиот пакет антикризни мерки чија подготовка е при крај и чија реализација ќе започне во следниот период.

Како одговорна партија, СДСМ продолжува со мерките и политиките што значат вистинска грижа за граѓаните и стопанството.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ


Видете следно

Собраниската расправа по ребалансот на Буџетот продолжува утре

Во Собранието попладнево продолжи расправата по ребалансот на Буџетот, кој се носи поради ковид кризата …