Се чешла досието на Апасиев: „Па ова и Грујо не го правеше бе“


Генералниот секретаријат на Влада на Република Македонија – иако ненадлежен – испратил барање до Министерството за образование и наука, преку Државниот просветен инспекторат, да се чешла моето досие за тоа како сум докторирал на УКИМ и како сум се вработил на УГД, се пожали на Facebook, левичарот Апасиев.

„Се постапувало по анонимна претставка, што е изрично забрането со дури осум закони и подзаконски правни акти и за што некој дебело ќе го крка 😉

Ете како оваа тоталитарна власт се справува со своите политички неистомисленици! Па ова и Грујо не го правеше бе, драги мои социјал„демократи“

p.s. Баш би сакал да го чујам мислењето на владиниот портпарол, на поранешната министерка и на актуелниот заменик-министер за образование за „неприкосновената автономија на Универзитетот,“ додава тој.


Видете следно

Општина Центар го реализираше Буџетскиот форум за сработените проекти  во 2019-та година

По четврти пат, Општина Центар го реализираше Буџетскиот форум за сработените проекти  во 2019-та година …