Се чувствува добро, но се плаши од осудата на локалната јавност: Бизнисменот кој го пренесе коронавирусот од Сингапур во Европа


Пред две недели, Стив Волш, заедно со стотина други луѓе, присуствуваа на конференција во хотел во Сингапур, за кој се претпоставува дека таму го заработил опасниот вирус. Тој до сега инфицирал најмалку единаесет лица, а во моментов се наоѓа во изолација во болницата Сент Томас во Лондон. Тој се чувствува добро, но се плаши од осудата на локалната јавност.

Во меѓувреме, британските здравствени организации продолжуваат да бараат лица со кои Волш бил во контакт откако се вратил од Сингапур за да поминат на тестирање, пренесува Дејли Меил.

„Зборував со Стив и неговата сопруга Кети. Тие се многу исплашени и загрижени што тој станал жртвено јагне за нешто за што не е виновен“, рече неговиот сосед „Бритиш Мирор“, додавајќи дека контактирал со докторот веднаш штом сфатил дека ќе може да биде носител на вирусот.

По враќањето од Сингапур, Волш поминал шест илјади километри. По патот, тој ги посетувал пријателите во близина на Мегеве на француските Алпи и додека престојувал таму, тој најверојатно заразил 11 лица, меѓу кои и неговите пријатели, сопствениците на планинарскиот дом каде што престојувал и нивниот деветгодишен син. Потоа полетал од Женева кон Лондон со над стотина патници и членови на екипажот. По пристигнувањето во Хов, тој посетил и еден локален паб.
 
Кога сфатил дека е можеби носител на вирусот, ги повикал самите лекари и побарал да бидат тестирани во болницата Бригтон. Кога лекарите потврдиле дека се работи за коронавирус, тој бил пренесен во изолација во лондонската болница, каде што е сеуште сместен.


Видете следно

Околу 55 илјади работодавачи ја искористиле финансиската поддршка за исплата на плати

Управата за јавни приходи денеска соопшти дека мерката за финасиска поддршка за исплата на плати за …