Се е полесно со Barcaffé Lattiato!


Ладното кафе Barcaffé Lattiato е новиот производ од богатото портфолио на Barcaffé! Претставува неодолив спој на најквалитетното 100% кафе арабика и млеко, а е достапно во три вкусови – ванила, карамела и ирски крем. Секоe Barcaffé Lattiata со својот совршено кремаст вкус носи задоволство а истовремено е неверојатно лесно за употреба.

На луѓето кои се во постојано движење, едноставното отворање и затворање на производот, ќе им овозможи неопходна доза на енергија и освежување, како и можност да уживаат во шармот на летото, на своите омилени места.

Богатата арома на вистинско кафе и заводливиот вкус на ванила, карамела или ирски крем се идеално искомбинирани во најубавото кафе Barcaffé Lattiato, кое е идеално за носење! Ова освежувачко ладно кафе претставува совршен пијалок за било кој дел од денот – без разлика дали станува збор за утринско будење, попладневна ужинка, освежување на работа или патување.

Изладете го вашиот омилен вкус и едноставно препуштете се на возбудливата арома која ќе ги разбуди сите ваши сетила и ќе донесе нов бран освежување – бидејќи сè е лесно со Barcaffé Lattiato! Barcaffé Lattiato веќе е во продажба и може да го најдете во сите поголеми супермаркети низ земјата.

 

 


Видете следно

Јавен повик за учество на јубилејната, 15-та по ред “Бела ноќ“

Оваа година по 15-ти јубилејен пат, во организација на Град Скопје и ЈУ “Универзална сала“ …