Се формира комисија за спроведување на мерката за клима инвертери


На вчерашната седница Владата донесе решение за формирање на Централна Комисија за следење на спроведувањето и имплементирањето на еколошката мерка за субвенционирање на граѓаните со високоефикасни инвертер клима уреди за потребите на домаќинствата во општините Битола, Кичево, Тетово и на Градот Скопје, а кои користат енергетски неефикасни уреди за греење во нивните домаќинства кои влијаат на зголемување на концентрација на РМ10 и РМ2.5.

Владата ги задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање, Канцеларијата на Заменик претседателката задолжена за економски прашања, Министерството за економија, Министерството за информатичко општество и администрација, кои се во функција на исполнување на оваа мерка, да именуваат по еден член и негов заменик и истото го препорача и до АД Електрани на Северна Македонија.

Во комисијата рамноправни членови се и по еден претставник од граѓанските организации Движење за околината Молика – ДОМ Битола, Еколошко здружение – Движење Еко Герила Тетово, и од Македонската платформа против сиромаштија – МППС, и сите тие се задолжени за постојана контрола и мониторинг на целиот процес на имплементација на оваа мерка.


Видете следно

Во Кисела Вода деновиве се уредува нов парк на површина од 16.000 квадратни метри

На неуредениот простор меѓу улицата Лазар Димитров и железничката пруга во Кисела Вода деновиве се …