Се намалува градежниот хаос: 51.2 % помалку издадени одобренија за градење за разлика од лани


Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2018 година се издадени 177 одобренија за градење, што е за 51.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 319 609 илјади денари, што е за 63.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во претходниот период беше издадено одобрение за градење магистрален транспортен топловод во Пелагонискиот регион.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 119 (67.2 %) се наменети за објекти од високоградба, 22 (12.4 %) за објекти од нискоградба и 36 (20.4 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 177 објекти, на 123 (69.5 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 54 (30.5 %) објект инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 610 станови, со вкупна корисна површина од 46 493 м2.

Видете следно

Македонската филхармонија ја почнува новата концертна сезона 2018/2019

На 27 септември (четврток) во 20 часот, ќе се случи свеченото отворање со концертот под …