Заврши 19.тото издание на Поточиња


На прагот од летото, детските желби станаа реалност. 19.тото издание на фестивалот Поточиња официјално се одржа на 18-ти и 19-ти јуни во Македонска филхармонија. „Поточиња“ докажа дека можеби е најдобриот детски фестивал кај нас.

Фестивалот кој беше вистинска забава за најмалите се одржа во трите достапни термини изминатиот викенд и на него се испеаа 15 прекрасни детски композиции. Програмата беше збогатена со анимирани цртани филмови, специјално подготвени за ова издание на Поточиња.


Текстот на песничките е на Оливер Пап, и Леон Пап , а аранжманот и музиката од Мирослав и Оливер Пап.
Погледнете дел од волшебните мигови на малите поточиња преку следнава галерија со фотографии:

Новите песни со анимирани видеа и текст може да се слушаат и погледнат на јутуб каналот „Поточиња“.


https://www.youtube.com/c/PotocinjaTV


Видете следно

Користете медицинска заштита од сонце со минерални филтри кои ги одбиваат штетните УВ зраци!

Сонцето го подобрува нашето расположение, ја подобрува циркулацијата, метаболизмот на нашето тело, продукцијата на витаминот …