Се одржа првиот натпревар по ментална аритметика во Скопје, малите генијалци заминуваат на Олимпијада во Белград


Вчера (02 јуни), во скопското средно училиште „Никола Карев” се одржа првиот голем детски натпревар по ментална аритметика во организација на „Малац Генијалац”. На овој натпревар своето знаење и придобивките од Хикари програмата го покажаа повеќе од 150 дечиња на возраст од 4 до 12 години, кои секој во својата возрасна група се натпреваруваа во два дела и тоа писмен и ментален.

Најдобропласираните мали генијалци на менталниот и писмениот дел ќе заминат и на интернационално натпреварување, Олимпијадата по ментална аритметика на која учествуваат повеќе од 2000 избрани генијални дечиња од повеќе европски држави, а истата ќе се одржи во Белград.

Научно е докажано дека мозокот на детето се развива од 4. до 12. година од животот. Во тој период мозочните хемисфери се најактивни, а децата полесно ги впиваат информациите и затоа е неопходно токму тогаш да се посветат на едукација. Техниката на ментална аритметика се заоснова на употреба на древната направа абакус, со чија визуелизација се постигнува извонредно брзо сметање. Детето со вежбање ментална аритметика и работа со двете рачиња на абакусот развива повеќе функции во исто време: фокус, внимание, концентрација, меморија и визуелизација што се главните цели на училиштето.

Франшизата „Малац генијалац”, освен во Скопје, од септември своите врати ќе ги отвори и за другите градови во Македонија, со цел што поголема едукација на децата, како и подобрување на фокусот, концентрацијата и памтењето кај децата. Септемврискиот уписен рок е во тек, за сите оние кои сакаат да бидет дел од успешниот тим на мали генијалци и покрај себе да имаат деца кои го менуваат светот.


Видете следно

Ангеловска-Бежоска: Банкарскиот систем има капацитет да испорача поддршка за населението и компаниите. Денарот е и ќе остане стабилен

„Нашиот банкарски систем останува здрав и стабилен. Тој има капацитет да се справи со шоковите …