Се одржува 32-та седница на советот на град Скопје


Советот на Град Скопје на денешната седница ќе разгледува и ќе расправа за поголем број предлог-одлуки и програми за работата на Градот Скопје.

На денешната седница Советот ќе расправа по Предлог- одлуки за донесување Регулациски планови на Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт: С 12, СИ 07 и СИ 12. Регулацискиот план на Генералниот урбанистички план може да се донесе за плански опфат за кој е донесен ГУП во кој се утврдени границите на четвртта да претставуваат граници на детално планирање. Регулацискиот план за четврт С 12 се наоѓа во општина Бутел, a Регулациските планови за четврт СИ 07 и СИ 12 се наоѓаат во општина Гази Баба.

Дополнително, на денешната седница советниците ќе расправаат и за Предлог- одлуката за давање согласност на Годишниот извештај за работата на ЈП „Паркови и зеленило“- Скопје за 2018 година.

Советниците на Град Скопје на денешната седница,  исто така,  ќе расправаат и по Предлог-одлука за давање согласност за Статутарна измена и дополнување на Статутот на ЈП „Градски паркинг“, а ќе расправаат и за Извештаите за работењето на јавните  установи  на Град Скопје за 2018 година.


Видете следно

Технологија за анализа на квалитетот на сточната храна за прв пат ќе се воведува во Северна Македонија

Денеска во Битола се одржа првата од циклус обуките за анализа на квалитетот на сточната …