Се одржува трансконтиненталниот Ерасмус+ проект „Младите ја обликуваат иднината [YouLEAD]


Во функција на промовирање на економските потенцијали на Република Македонија, од вчера во Струга  се одржува последната од серијата тренинг обуки што се организираат во рамките на трансконтиненталниот Ерасмус+ проект „Младите ја обликуваат иднината [YouLEAD]”, подржан и финансиран од Европската комисија во рамките на Еразмус+ програмата.

Координатор на проектот е Асоцијацијата за истражување, едукација и развој „Маркетинг порта“ од Скопје.

Во реализацијата на овој двогодишен проект директно се вклучени претставници на универзитети, бизнис и НВО секторот од 11 држави и тоа од Австрија; Аустралија; Бугарија; Германија; Грција; Казакхстан; Киргистан; Непал; Полска; Узбекистан и Северна Македонија.

Освен директното поврзување на економиите на државите – учеснички во проектот кои доаѓаат од три континети: Азија, Австралија и Европа, YouLEAD проектот ги развива капацитетите на членовите на проектниот конзорциум (универзитети; бизнис секторот и НВО) за зголемување на јавната свест преку константен притисок врз владите и јавниот сектор за имплементација на целите на одржливиот развој со користење на алатките на дигитилниот маркетинг, пред се, на мобилните телефони.

Проектот е дел од глобалните активности на Обединетите нации за остварување на целите на одржливиот развој фокусирани на намалувањето на сиромаштијата, социјалната правда и одржливоста на животната средина како голем морален и политички императив на нашето време. Овој императив може да се исполни ако постои радикален пресврт. Во срцето на оваа промена во глобалната иновативна агенда е поголема почит кон културната разновидност, регионалната разновидност и демократската одговорност.


Видете следно

Ангеловска-Бежоска: Банкарскиот систем има капацитет да испорача поддршка за населението и компаниите. Денарот е и ќе остане стабилен

„Нашиот банкарски систем останува здрав и стабилен. Тој има капацитет да се справи со шоковите …