Се огласи Ангелов: Власта платила два милиони евра за меѓуетничкиот судир во кумановско Диво Насеље


Стојанче Ангелов преку својот Facebook профил потсети за вооружениот напад во кумановско Диво Насеље:

„Четири години од смртта на осумте специјалци во кумановско Диво Насеље. Повеќето од нив ги знаев лично, со неколку од нив работев заедно. Вечна ви слава херои македонски“, напиша Стојанче Ангелов на Facebook.

Предупредување кое можеше да спаси многу животи… Власта платила два милиони евра за меѓуетнички судир…, напиша Ангелов на фејсбук.

Од Бриф потсетуваат дека во 2015 година, на 4 април, Ангелов, на еден од протестите прет МРТВ рече:

„Власта платила 2 милиони евра на Албанци кои немаат врска со УЧК, за да предизвика меѓуетнички судир. Тоа се некои криминалци во Липковскиот регион. Нивната задача била да се претстават како УЧК и да извршат убиство на неколку припадници на полицијата или армијата и да превизикаат меѓуетнички конфикт, а да не обвинат мене и Зоран Заев.


Видете следно

Јоци: Дивоградбите од Скопје си стасаа и во Охрид

Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци вели дека општинарите во Охрид ќе урнат една-две дивоградби во Охрид ради …