Се огласи и американската амбасадорка за случајот „Рекет“: Еве што порача на Твитер


Амбасадорката Брнс за „Рекет“- Ова се сериозни обвиненија за кои е потребен сериозен одговор

Македонија да покаже заложба за придржување кон владеењето на правото, пишува американската амбасадорка во Скопје, Кејт Брнс на Твитер. Таа воедно го сподели статусот на еврокомесарот Јоханес Хан за случајот „Рекет“ и борбата против корупцијата кој вчера на Твитер, порача дека борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи.

„Како што рековме претходно, ова се сериозни обвиненија за кои е потребен сериозен одговор, кој ќе биде темелен, транспарентен и навремен. Сега е време Северна Македонија да покаже заложба за придржување кон владеењето на правото“, напиша амбасадорката на Твитер.


Видете следно

Димковски во Република Словенија: Воведувањето на нови технологии и ефикасни советодавни услуги за земјоделците е клучно за модерно и конкурентно земјоделство 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, од денеска во следните два дена е …