Се огласи Каракамишева: Еве што предвидува за партиското „метење“ во СДС


Професорката по уставно право Тања Каракамишева прогнозира жесток фајт меѓу тимот на Радмила Шеќеринска и тимот на Заев.

„Нема почеток на преговори со ЕУ, далеку е НАТО.

Овие факти ќе ги завртат копјата внатре кон СДС.

Следниов период ќе гледаме жесток фајт меѓу тимот на Рада и тимот на Заев.

Кој кого ќе измети?

Дали Заев ќе го суреди тимот на Рада или сепак Рада ќе успее да ги задржи своите позиции и да го зајакне своето партиско влијание?!

Претседателските избори го покажаа незадоволството на “урбаното граѓанство”. Тоа очигледно расте, а јавна тајна е дека тоа е под контрола на Рада.

Незадоволството од владеењето на Заев, посебно во Скопје, најмногу го чувствува Рада и нејзиниот тим, таа е турната до ѕидот!

Прашањето на кое набрзо ќе добиеме одговор е дали Рада конечно ќе биде победена од селскиот итрец или нејзините дворски игри повторно ќе го потонат лидерот на СДС по примерот на Црвенковски и Бучковски.

Дали е Рада прочитана од Муртинецот?“

Facebook статус: Татјана Каракамишева


Видете следно

УЈП: За неколку дена истекува рокот за увид во претпополнетата ГДП за 2018 година

Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека на 31.05.2019 истекува рокот за увид во …