Се огласи Кирацовски: Еве што напиша на Facebook за случајот „Рекет“


„Сакам да ја информирам јавноста дека денес дадов изјава во Обвинителството.

Од денес, се надевам, завршуваат лажните вести и инсинуации кои досега нанесоа штета на недолжни личности и истрагата, за момент, ја одведоа во погрешен правец, а ќе преовладуваат фактите и вистината.

На надлежните институции им се ставам комплетно на располагање и нема да дозволам ништо да ги наруши мојата чест и углед.

Верувам дека помогнав постапката да заврши правично и верувам дека секој кој се огрешил пред законот ќе одговара за стореното.

Благодарам за интересот и коректноста на медиумите и новинарите.
Господинот Бранко Геровски, кој го почитувам и кој, за волја на вистината, изрази извинување, потврдувајќи дека во врска со мене направил “фаул”, го замолувам да не ми импутира термини кои никогаш не сум ги изрекол и да не користи квалификации кои се во доменот на надлежните институции.

Овој случај нанесе штета врз општеството, но знам дека сите заедно следејќи ги правдата и вистината ќе излеземе посилни, а општеството зајакнато!“


Видете следно

Од денеска работодавачите може да поднесуваат барања за финансиска поддршка за мајската плата

Од денеска до 7 јуни работодавачите може да поднесуваат барања за финансиска поддршка за исплата …