Се огласи креаторот на доменот vaksajns.mk – Еве што напиша на Фејсбук


Министерството за здравство во Секторот за компјутерски криминал во МВР го пријавило доменот vaksajns.mk, кој создаде забуна кај граѓаните кои треба да се пријават за вакцинација против Ковид-19.

Сопственикот на истиот односно домејнот е регистриран од Адил Бакиу, кој се огласи на Фејсбук:

„Во 13:30 сум поканет во ПС Карпош на разговор околу доменот vaksajns.mk.Единицата за компјутерски криминал мене брзо ми влезе во трага и брзо ме поканија за обично пренасочување кон сајтот на МЗ, за разлика од предметот за девојчињата од Струмица чии инкриминирачки материјали биле споделувани насекаде и не успеваше да ги најде сторителите 2 години“, напиша Бакиу на Фејсбук.


Видете следно

Сончево и ветровито денес, а еве какво време не очекува за викендот

 Сончево време со слаб до умерен ветер од северен правец ќе преовладува денеска во земјава. …