Се огласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во врска договорот од Преспа, како и промената на Уставот


Во телефонска изјава за Сител лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ силно ја поддржува евроинтеграцијата на Македонија, но со сите демократски алатки ќе се бори против преспанскиот договор и промена на уставното име.

-Впечатокот е дека ВМРО-ДПМНЕ применувало насилни методи, дека ВМРО-ДПМНЕ се заканува, ги уценува луѓето во Република Македонија, што апсолутно не е точно. Имав можност да ја претставам и нашата страна, нашето гледиште на работите во Република Македонија, како ВМРО-ДПМНЕ делуваше, но и како ќе делува во иднина. ВМРО-ДПМНЕ останува противник на договорот од Преспа, односно на целокупниот овој процес на промена на Уставот, со цел промена на името и идентитетот на државата се разбира. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги користи сите демократски алатки и методи да се спротистави на овој процес- рече Мицкоски.


Видете следно

МФ: Според ОЕЦД, Република Северна Македонија со најдобра бизнис клима во регионот

Република Северна Македонија има најповолна бизнис клима во регионот, а исто така во однос на …