Се огласи министерот Манчевски на Фејсбук: Еве што соопшти во врска неговиот тест за коронавирус


Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски денеска на својот фејсбук профил објави дека е негативен на коронавирусот.

-Негативен и финално. Излегувам, доста беше. 5:0. Од утре назад во акција, пишува Манчевски.

Тој им порача на граѓаните да носат маска и да држат дистанца, особено во туристичките места.

-Чувајте се. Носете маска и држете дистанца. Нека не ве лаже летото, особено во туристичките места, напиша Манчевски на својот фејсбук профил.

Скопје, 26 јули 2020 (МИА)


Видете следно

Станува тренер на најтрофејниот клуб во Италија: Кој е Андреа Пирло?

Андреја Пирло e роден на 19 мај 1979 и тој е поранешен италијански фудбалер-освојувач на …