Се огласи претседателот на Франција по пожарот на Нотр Дам: Еве што соопшти Макрон


Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека патувал на местото на пожарот. На Твитер, тој напиша: “Многу сум тажен кога гледам дека овој дел од сите нас изгоре целосно”, објави Ројтерс. Тој додаде дека целата нација е вознемирена од случувањата, пренесе Франс прес.

Градоначалникот на Париз, Хидалго, го нарече огнот “ужасен” и рече дека штетата била “колосална”, објави францускиот печат.

Германскиот министер за надворешни работи изјави дека пожарот во “Нотр Дам” е удар во срцата на Германците и изрази поддршка на Франција, пренесе Франс прес.

 


Видете следно

Овчеполската житница станува извор на зелена енергија (видео)

Дел од некогашната овчеполска житница веројатно догодина ова време ќе стане извор на таканаречена „зелена …