Се огласи Силјановска во врска изјавата на Димитров за јазикот на грчките македонци


Фрапирана сум од изјавата на Министерот за надворешни работи, г-дин Димитров, дека македонскиот јазик кои го зборуваат граѓаните на Република Македонија, нема никаква врска со јазикот на грчките македонци. Поминаа 24 часа, а сеуште никој не го демантирал ова тврдење.

Се прашувам, ако е навистина така, на кој јазик збореле предците на Димитров со потекло од Егејска Македонија ?

На јазик различен од тој што тој го зборува денес ?

На кој јазик зборувале и моите и предците на илјадници други Македонци кои живеат во Република Македонија, а своите корени ги влечат токму од Егејска Македонија ?!

Не во наше име господине Димитров !


Видете следно

НЛБ Банка денеска ја прослави десетата награда „The Banker”

Денеска во хотелот Хилтон, НЛБ Банка ја прослави десетата награда за најдобра Банка на година. …