Се огласи таткото на исчезнатата Вики: Еве што побара


Веќе четири се трага по 15-годишната Викторија Настевска од село Суводол, Демирхисарско, која е исчезната во петокот.

Родителите ги замолуваат сите кои имаат некакви информации да ги контактираат на 078 425 497 или 075 410 664.

-„Барем гласот да и го чуевме, но и тоа не можеме, бидејќи Вики дента намерно или не својот телефон го оставила дома. Беше одлична ученичка, секогаш на време си доѓаше по часовите дома, никогаш се немаше случено да задоцни, а колку што знам немаше ни дечко“, изјавил таткото на Викторија за Вечерпрес и уште еднаш замолил за помош во потрагата.


Видете следно

ГРАД СКОПЈЕ И ШУМАРСКИ ФАКУЛТЕТ ГИ ОСЛОБОДУВААТ ЗАРОБЕНИТЕ ДРВЈА

 Градот Скопје денеска потпиша меморандум за соработка со Шумарскиот факултет со кој прецизно се утврдуваат …