Се огласи здравстениот работник во Скопје кој доби морбили: ве сметам за лично одговорни за сите кои се заболени


Не плашете се ова сум јас со МОРБИЛИ И ДА не пишувам јас постови и не објавувам слики, но морам да им се заблагодарам на сите оние родители кои не ги вакцинираат своите деца што јас на мои 47 години во 21век добив морбили. Да јас сум здравствен работник и ги заработив извршувајки ја мојата работа. ДА ние треба да сме хумани за тоа сме платени. Ама никако да ми помине лутината што во денешно време сум болна од болест за која учевме дека опстојува во средини со низок социјален развој, благодарение на квази интелектуалци кои после прочитани неколку статии на интернет се супер струцни за вакцините и области од медицина за кои некои луге цел зивот го посветиле на уцење.
Алооо свестете се

Не сум со намера никого да навредам и се извинувам и ме интересира дали некој има доблест мене да ми се извини за мојата десетдневна голгота со болеста. Онака од оние 25% кои недостигаат во статистиките за вакцинирање за постигнување колективен имунитет. Инаку ДА ве сметам за лично одговорни за мене за сите мои колеги и за сите кои се заболени. И никако не посакувам ничие дете да мора да помине низ вакво малтретирење.


Видете следно

Второ издание на поетската манифестација Антево слово

На 10 декември 2019 година со почеток во 19:00 часот, во спомен собата на Анте …