Се огласија од Алијансата за Албанците: Еве што порачаа во врска вториот круг од претседателските избори


Алијансата за Албанците одржа состанок на Централното претседателство на кој што беше разгледана политичката ситуација во земјата, со посебен фокус втор круг од претседателските избори 2019 година во РСМ.

АА со загриженост оценува дека вториот круг од претседателските избори се одвива без конкретна понуда за граѓаните. Во фокусот на кампањата на двајцата кандидати не е Држава за сите, туку Држава и Власт на македонска партија или поединец кој што во минатото и сегашноста повеќе ги дискриминирал или вршел насилство врз Албанците.

Рекламните спотови од двата кампуси на кандидатите се најдобар доказ за уставно-правната положба и нивото на почитување на елементарните човекови права, во конкретниот случај на Албанците во РСМ. Тие се најдобриот одговор на многуте “зошто?” поставувени од личности со сомнителен кредибилитет чија единствена цел беше да ги дискредитираат политичките дејствија на АА и албанската опозиција, како и ноивнло застанување зад кандидатурата на професорот Блерим Река и неговиот концепт за Држава за сите и против моноетнизмот на државава. Овие спотови се дополнителен доказ за меѓународниот фактор, САД и ЕУ за тоа во кој степен е почитувањето на човековите права, дека монтираните политички процеси сеуште се реалност и дека владеењето на правото сé уште е далеку кога станува збор за Албанците.

Апелираме до двајцата кандидати да запрат со оваа валкана кампања на подобар или полош џелат и итно да престнат да ги емитуваат овие рекламни спотови. Наместо нивно емитување, јавно нека им се извинат на Албанците и да дадат гаранции дека тие никогаш нема да се повторат.

АА го повторува ставот искажан за време на изборната кампања дека нејзините приврзаници не ги сметаат за сопственост и плен во функција на тесните интереси на одделни поединци. Секој глас за нас го зајакнува нашето партнерство со вас за градење, заживување и зајакнување на политичката платформа на АА во функција на уставната и социо-економската еднаквост на Албанците во РСM. Нашата поддршка беше за проф. Блерим Река. Цениме дека ја добивме поддршка на апсолутно мнозинство Албанци во РСМ. Ја користиме оваа прилика да ви се заблагодариме за работата и поддршката што му ја дадвте напрофесорот Река и на концептот на албанската опозиција. Главниот непријател на концептот и стручната подготовка на професорот Река беше предрасудата

Нашиот главен сојузник е нашето право и реформи и нашите поддржувачи како гаранција на овој вистински пат. Вие почитувани граѓани сте нашиот суверен и наш партнер во градењето на достоинствен живот, затоа апелираме да го изразаат својот суверенитет во недела.

Ние заеднички во 2017 го деблокиравме патот на интеграцијата на земјата во НАТО и во ЕУ, победувајќи го режимот, заедно кажавме ДА, за НАТО и ЕУ на референдумот и уставните промени. Заедно, ќе стојиме за истата патека за нашата иднина иднина, не подредена, но еднаква и достоинствена.



Видете следно

Еве што порача Али Ахмети по лидерската средба

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по лидерската средба на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски изјави …