Се огласија од Алијансата за Албанците во врска спорот со името: Еве го нивниот став


Алијансата за Албанците внимателно ги следеше последните политички случувања во земјата и во регионот, а кои се однесуваат главно на регионалната стабилност како еден од главните предизвици на сегашноста. Дадовме наш придонес како политички субјект, при што бевме  клучен елемент за распаѓањето на стариот режим/коалиција ВМРО ДПМНЕ – ДУИ, режим предводен од премисата на политички олигарси изграден во минатата деценија, земјата ја ориентираше кон најголемата олигархија. Елементите кои го карактеризираа претходниот режим, со малку зборови можат да се опишат како криминал, корупција, фундаментализам и сериозна повреда на човековите права и основни слободи. Доказ за ова се многубројните случаи на монтирани политички процеси во земјата, целосно политизирано и поевеќе-стандарното судство, држава на отсуство на правото, економска експлоатација и тенденција за културно и идентитетско отуѓување, посебно кон Албанците во Република Македонија.

Денес кога ја донесуваме оваа декларација, гордо констатираме дека сме дале максимален придонес, земјата да ја ориентираме кон сојузи со држави и земји за кои слободата, достоинство, правото, напредокот и економскиот развој се во суштината на нивното постоење. Доволно е да се потсетиме на настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија, при што  претседателот на Алијансата за Албанците претрпе најмногу, скоро го плати со својот живот моментот на историскиот пресврт на државата. Дали Македонија денес е на вистинскиот пат?! Ние веруваме, ќе веруваме и никогаш нема да се откажеме од изградбата на модерна држава со нови стандарди базирани на принцип на отчетност, владеење на правото, недискриминација итн. Денес кога го доенсваме овој документ, сме разочарани. Македонија остава многу за посакување.

За жал, заедно со заминувањето на еден режим започнаа првите почетоци за изградба на нов режим. Со логиката дека само корумпиран албански политичар е подобен за продолжување на сесловенскиот хегемонистички план, чија крајна цел е испразнување на земјата од автоктоното албанско население, новата влада предводена од г. Зоран Заев ја заштити, ја одбрани и ја брани од одговорност другата половина од поранешниот режим, а тоа е ДУИ, иако доказите за нивното учество во коруптивни афери се  ногубројни. За дел од нив, самиот г. Зоран Заев и СДСМ поднесоа кривични пријави, некогаш како опозиција, за да подоцна ги претворат во свои најблиски соработници. По истата логика, на преговорите со Грција за прашањето за името, новата влада ја исфрли од секакви преговори и консултации албанската опозиција претпочитајќи на преговори да ги има само како декорација некои фатени албански политичари, кои од друга страна лесно можат да бидат уценети. Исклучени и од лидерските средби во врска со референдумот, албанската опозиција и Албанците генерално, ставени се пред свршен чин и во дилема меѓу нешто што го посакуваат а тоа е долгогодишен стремеж за нас и за Албанците (првиот дел од прашањето на референдумот – НАТО ЕУ) и нешто наметнато преку договорот со Грција.

Алијансата за Албанците недвосмислено е за НАТО и за ЕУ, а тоа го има потврдено во минатото и ќе го потврди и во иднина во процесот на пристапување на земјата кон евро-атлантските структури, вклучувајќи го и референдумот и уставните измени кои ќе следат по референдумот. Имавме и имаме забелешки на договорот постигнат со Грција и истите јавно сме ги искажале и претходно. Ги браниме и ги повторуваме истите ставови и денес!

За Алијансата за Албанците, занемарувањето на Албанците од државниот поредок на Македонија и нивното исклучување како државотоврен елемент, тенденција забележана во договорот со Грција, не може да се толерира а воедно е и опасно.

Го повторуваме нашиот став против член 1, став 3 точка б и в и член 7 точка 4 од договорот со Грција, односно во делот кој се однесува на националноста и државниот јазик.

Дефиницијата: “Македонско/гражанин на Република Северна Македонија“ како што ќе пишува на патните исправи, за АА е неприфатлива, бидејќи:

– Не ја одразува мултиетничката реалност на Република Македонија. Има за цел  носител на државниот суверенитет да биде само една заедница како што е македонската заедница, со цел да се изгради еднонационална држава во мултиетничка реалност, што е спротивно на концептот на држави со современа либерална демократија.

Точка в од став 3 на член 1, како и член 7 точка 4 од договорот, ќе беа прифатливи за АА доколку терминот македонски јазик ќе се однесуваше само на јазикот на македонската заедница во земјата, а не на службените јазици во РМ. За АА, Република Македонија нема само еден официјален јазик, туку два. Албанскиот јазике  исто така официјален. Албанците во Македонија му го доземаат правото на секоја страба вклуена во договорот, било на македонската страна (по се изгелда дека Албанци во изготвувањето на договорот немало) било на грчката страна, да му го доземат правото на службена употреба на албанскиот јазик во Република Македонија.

Алијансата за Албанците ги оценува како позитивни договорите кои што новата влада ги постигна со Бугарија и Грција, како еден од предусловите за членство во ЕУ а кои се однесуваат на добрососедски односи. AА, исто така, смета дека со цел градење на доверба, толеранција и внатрешна социјална кохезија, на Република Македонија и е потребен и  ВНАТРЕШЕН ДОГОВОР помеѓу двете најголеми заедници во земјата, а тоа се Албанците и Македонците. Во рамки на уставните измени, кои доаѓаат како потреба и обврска од договорот со Грција, цениме дека преамбулата на Уставот на Република Македонија, како највисок правен акт на државата, граѓаните на Република Македонија, етничките заедници да ги псотави на еднаква положба без потреба еден граѓанин да се чувствува попривилегиран од друг и една етничка заедница попривилегираа од друга. Со други зборови, сегашната дефиниција на преамбулата, цитираме: “Граѓаните на Република Македонија, македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во неа и кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, ромскиот народ, влашкиот народ, бошњачкиот народ и српскиот народ … ” треба да се смени, бидејќи двои од суверенитетот на државата една етничката заедница од другите. Тенденциозно е во самата дефиниција и остава впечаток дека Албанците и другите заедници, освен македонската заедница, само живеат, привремено, без овдешно минато, можеби со тенденција и без нвина иднина во своите домови. Во меѓувреме, историските факти го кажуваат спротивното. Албанците и Македонците заедно се бореле против окупаторите во различни историски етапи.

Ќе наведеме неколку:

– Илинденското востание и заедничката алабанско македонска борба против османлискиот окупатор во 1903 година.

-Дебарското востание, или познато и како битката во Петриње кога месното албанско и  македонско население од Дебар, Струга, Охрид, Преспа се фатија за пушки против српскиот окупатор во 1913 година.

– Национано ослободителната борба и првата косовско-македонска ударна бригада која беше првата национално ослободителна бригада формирана во Македонија против фашизмот во 1943 година.

Стремежи на нашите предци беа градењето на заедничка држава меѓу Албанците и Македонците, еднакви во јазик и суверенитет. Доказ за ова се историските документи од времето …

AА во Уставот ќе интервенира со амандман барајќи амандманот V од Уставот да се смени. Дефиницијата за албанскиот јазик во овој амандман е навредлив. Јазикот дефиниран како: “јазик кој што го зборуваат над 20% од населението и кој е различен од македонскиот јазик“ има карактер на привремено право на една страна, а од друга страна го поттикнува шовинистичкот елемент во рамките на системот со дискриминаторски политики да се поттикне иселувањето на Албанците од своите огништа, да го политизира пописот на анселение и да биде повод за неуспех на истиот како што се случи со пописот 2012 година итн. Согласно заедничката декларација на албанските парламентарни партии потпишан во јануари 2017 година, овој амандманот да се замени со нов член на Уставот кој би гласал според следново:

“Службен јазик во Република Северна Македонија, е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик и неговото писмо.”

Во сеопфатната дебата во врска со внатрешниот договор меѓу Албанците и Македонците, како дел од договорот треба да биде и доенсувањето на одлуки за да се стави крај на мајоризацијата еднаш засекогаш на една помала етничка заедница, суштинска децентрализација на локалната власт, фискална децентрализација и распределба на буџетот со локален пресек како новост која ќе ставеше крај на повеќе децениската  експлоатација на Албанците во Македонија, законот за правична и соодветна застапеност, сеопфатна дебата за државната химна и знамето, Албанците да земаат активно учество со свои експерти во изготвувањето на учебниците што произлегуваат како резултат од договорот со Бугарија и Грција и др.

Централното собрание на Алијансата за Албанците го обврзува Централното претседателство на  партијта, штотуку донесената Декларација  да им ја  дсотави на дипломатските претставништва во земјава, особено САД, ЕУ генералниот секретар на НАТО, Амбасадата на Германија. Франција, Велика Британија, Италија, Холандија, Албанија, Грција, Бугарија.

Го обврзува Централното претседателството на партија, во поволен момент да свика заедничка маса на албанските парламентарни партии, или да одговори на покана на било кој од албанските парламентарни субјекти кој што ѓе го свика овој политички инструмент за арсправање за референдумот, уставните измени и внатрешниот албанско – македонски политички договор.


Видете следно

Еве што порача Али Ахмети по лидерската средба

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по лидерската средба на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски изјави …