Се помалку се запишуваат студенти на високите стручни школи и факултетите


Според податоците на Државниот завод за статистика, добиени врз основа на пристигнатите извештаи, во Република Северна Македонија, во академската 2018/2019 година се запишани вкупно 53 677 студенти, што претставува намалување за 5.7 % во однос на академската 2017/2018 година.

Бројот на запишани студентки изнесува 30 352 или 56.6 %.

Најголем број студенти (87.0%) се запишани на државните високообразовни установи, додека 12.4 % се запишани на приватните високообразовни установи.

Во прва година на студии, во академската 2018/2019 година, се запишани 13 931 студенти или 26 % (тука се опфатени и студентите што по втор, трет и повеќепати запишуваат прва година).

 


Видете следно

Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек“ добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2019 година

„Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек” е добитникот на годинашната награда „Браќа Миладиновци”, која ја доделува …