Се пријави таксистот на Павле ?! Еве што напиша на неговиот Твитер


Павле во текот на претходните денови е мета на Твитер, а доказ за тоа се и последните твитови од вчера на многумина кои велат дека „таксистот е веќе пронајден“.

Дел од твитерџиите вчера потврдија дека се таксисти на пратеникот.

Инаку вчера и од обивнителството известија дека на 15.05.2019 година пратеник во Собранието на Република Северна Македонија пријавил непознат сторител на кривично дело – Неовластено прислушување и тонско снимање од член 151 од Кривичниот законик.

„Според наводите во пријавата, на неодреден датум во периодот од март до мај 2019 година, додека се превезувал со такси возило од неидентификувана компанија и разговарал на мобилен телефон, пратеникот неовластено бил сниман од возачот на такси возилото. Разговорот потоа бил објавен на Youtube профилот Бомби 2019 како и на руската социјална мрежа vkontakte.

По приемот на ова известување од страна на надлежен јавен обвинител веднаш беше изготвено барање за доставување податоци до Youtube кои се однесуваат на комплетни логови за наведениот профил, ИП адреси користени за пристапување и најавување на тој профил, како и ИП адреса од која е креиран профилот.

Воедно до Министерството за внатрешни работи е доставена Наредба за да бидат направени проверки околу утврдување на идентитетот на таксистот кој наводно извршил снимање на разговорот, да се направат проверки од кое лице евентуално била нарачувана наркотична дрога и за кое лице била нарачувана. Министерството за внатрешни работи преку меѓународните инструменти кои ги користи ќе треба да направи проверки и за тоа кој е сопственик на профилот на руската социјална мрежа vkontakte.

По направените проверки, доколку се утврди идентитетот на сторители на кривични дела и се обезбедат законити докази, МВР треба да поднесе кривична пријава до Обвинителството“ се вели во соопштението на обвинителството.


Видете следно

Јоци: Дивоградбите од Скопје си стасаа и во Охрид

Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци вели дека општинарите во Охрид ќе урнат една-две дивоградби во Охрид ради …