Се продава чанта со 1000 година гаранција


Компанијата за луксузни производи The House of Borgezie создаде чанта за 178 000 долари, која има 1000 години гаранција.

Чантата Le Palais е начичкана со скапоцени камења. Не е голема, но располага со кармин и телефон. Таа е инспирирана од портите на Бакингемската палата и има геометриски дизајн кој потсетува на решетките во грбот на компанијата.

Le Palais е изработена за 100 часа од тим на висококвалификувани златари и јувелири, специјалисти за дијаманти. Ташната е покриена со 345 дијаманти, а бравата и е направена од 18-каратно злато.

Чантата е прилог кон чевлите на високи штикли Contessa Wafer, кои исто така имаат 1000 години гаранција.


Видете следно

Општина Кисела Вода продолжува да работи во насока на справување со вирусот „Ковид – 19.

Денеска согласно владините мерки Општината објави Јавен повик за online работа за достава на неопходни …