Се продава италијанско село на Алпите


Живописно италијанско село во италијанските Алпи е прогласено за прoдажба на eBay. Стартната цена започнува од само 245 000 долари. Во целата понуда сепак има мал услов. Повеќето од куќите се напуштени и во очајна состојба, а поправката чинелa стотици илјади евра.

Еден од условите за да се оствари продажбата е куќите да ги задржат карактеристичниte архитектонски белези и да бидат реставрирани согласно локалните традиции, пишува британскиот весник “Телеграф”.

Најавеното село за продажба се наоѓа во близина на националниот парк “Гран Парадисо”, огромна заштитена област со планински врвови и долини, населена од диви кози, диви антилопи и орли. Првично паркот бил ловен резерват на кралот Виктор Емануел II – првиот италијански крал.

Целта е да го претворат селото во туристичка атракција, претворајќи ги камените куќи во хотели и ресторани.



Видете следно

ФИТР препознаен како успешен модел – поднесена иницијатива да се преслика на регионално ниво

Фондот за иновации и технолошки развој на РСМ е препознаен како успешен пример во студијата …