Се создаде најголемата издавачка куќа за книги во светот


Како последица на германско-британска соработка се создаде најголемата издавачка куќа за книги во светот. Германскиот медиумски концерн “Бертелсман” и британскиот “Пирсон” го потпишаа договорот за спојување на нивните издавачки куќи Random House и Penguin Group.

Како резултат на спојувањето е создадена најголемата издавачка куќа во светот Penguin Random House. Во новата компанија “Бертелсман” држи 53% од акциите, а “Пирсон” останатите 47%.

Трансакцијата го вклучува издавачкиот бизнис на концерти во САД, Велика Британија, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Индија, Шпанија, а исто така во земјите од Латинска Америка, Азија и Јужна Африка, но не и активностите на “Бертелсман” во Германија.

“Пирсон” го задржува правото да го користи брендот Penguin во образовниот бизнис. Според условите на договорот двете компании не можат да го продадат својот удел во заедничката компанија во наредните три години.

Обединувањето во издаваштвото ќе овозможи да се создаде силна платформа, со поголеми ресурси за инвестиции во нови модели дигитален печат, а исто така ќе се прошири бизнисот на брзо растечките пазари.

Во Penguin Random House, во централната канцеларија која ќе биде лоцирана во Њујорк, ќе работат речиси 11 илјади вработени. Годишниот обрт на компанијата ќе биде околу 3 милијарди евра. Извршен директор на комбинираната компанија ќе биде Маркус Доле, а Џон Макинсон ќе биде претседател на одборот на директори, пренесе news expert.


Видете следно

Услугите на Тиго Фајнaнс отсега уште подостапни за жителите на Кавадарци и Радовиш

За да биде уште поблиску до своите клиенти и директно да им обезбеди одговор и …