Се враќал од Грција, а на 50 километри од границата, нешто му се случило за што тој упатил предупредување за сите …


Споделено искуство кое се појави на неколку фб страни и групи. Прочитајте и имајте го предвид! Се враќал од Грција, а на 50 километри од границата, нешто му се случило за што тој упатил предупредување за сите.

На српската Фејсбук група „Live from Greece“ З.Д. напишал статус предупредувајќи ги сите туристи од Србија кои се враќаат од летување од Грција.

Имено, како што тој опиша во неговиот статус, автомобилот со бугарските таблици се обидел да го застане на 50 километри од границата и да го ограби. Ви го пренесуваме статусот да видите за што се работи:

„Поздрав на сите… денес со план влегов во групата поради едно известување-предупредување!!!На враќање од Грција на некои 50 километри од граница наидов на BMW 3 бугарски таблици кое се обиде да ме застане како да му е нешто потребно… Читав претходно за тоа и не верував дека ми се случи… Немојте да застанувате…. тие се откажаа по две претекнувања и се вратија…“, напиша З.Д.

Сѐ е поголем бројот на граѓани кои на пат за Грција стануваат жртви на разбојници кои ограбуваат или мамат продавајќи лажно злато. Овие модерни „бандити“ главно се романски или бугарски државјани, а туристите движатна патот Солун-Евзони, како и на автопатот накај Аспровалта.

Додека наивниот турист кој го застануваат се обидува да помогне и да го реши проблемот на „несреќниот патник“, другата екипа оди до возилото кое го оставил туристот и му ја земаат торбата, новчаникот, телефонот и сѐ што оставил незаштитено-затоа бидете претпазливи на патување.

За изворот на информацијата ТУКА


Видете следно

Пакомак е првата македонска компанија која воведува повратни вендинг машини за пластични шишиња и лименки

Со помош на Фондот за Иновации, Пакомак е првата македонска компанија која го воведува светскиот …