Се заокружи второто тримесечје на МојДДВ за 2020-та, исплатата ќе се врши во август


Второто тримесечје од 2020 година за поврат на ДДВ кај физичките лица се заокружи на 30 јуни. Повратот на 15 посто од искажаниот промет во фискалната сметка, кај граѓаните за ова тримесечје ќе започне да се исплаќа во август 2020 година.

Како што соопшти Управата за јавни приходи (УЈП), во ова тримесечје за април, мај и јуни 2020 регистрирани се нови 24.974 корисници на апликацијата мој ДДВ, а скенирани се вкупно 41.650.814 фискални сметки, направен промет од 21.414.380.426 денари, а вкупниот поврат изнесува 334.556.243 денари односно 5.440.000 евра.

– УЈП апелира до граѓаните да ги ажурираат податоците наведени во апликацијата со што би овозможиле редовна исплата на повратот, се наведува во соопштението.

Оттаму посочуваат дека граѓаните кои имале погрешно наведени податоци, а во меѓувреме ги коригирале, односно ги навеле точните податоци ќе им се исплати повратот за целиот период на скенирање.

Скопје, 2 јули 2020 (МИА)


Видете следно

Цените на скапоцените металите се зголемуваат, унца злато 2.069 долари

Лондон, 6 август 2020 (МИА) – Цената на златото денеска се искачи на ново рекордно ниво, бидејќи пандемијата …