Се зголемува индустриското производство во Европа


Во споредба со јануари во февруари 2014 индустриското производство во еврозоната забележа 0,2 % раст, а во Европската унија / ЕУ / 0.4 %. Во споредба со февруари 2013 зголемувањето е 1,7 % во еврозоната и 2,1 % во ЕУ. Ова го покажуваат податоците на европскиот статистички институт Еуростат.

Во споредба со февруари највисок раст на индустриското производство е забележан во Малта ( +5.4 % ), Ирска ( +5 % ) и Литванија ( +2.5 % ), а најголем пад во Хрватска ( -2.8 % ), Естонија ( -2.2 % ) и Романија ( -1.3 % ).

На годишна база најголем раст има во Словачка ( +9 % ), Романија ( +8.9 % ) и Унгарија ( +8.2 % ), а најголем пад во Холандија ( -8.9 % ), Финска ( -5.4 ) и Литванија ( -2.1 % ).


Видете следно

Ангеловска-Бежоска: Не се очекуваат позначајни инфлациски притисоци

За оваа и за наредната година, па и среден рок не се очекуваат позначајни инфлациски …