Се зголемува веројатноста Германија да западне во рецесија


Веројатноста германската економија да западне во рецесија значително се зголемува. Ова го покажува анализата на Институтот за макроекономија. Ризикот од рецесија во Германија во јули беше 7,5%, а во август се зголеми до 25%.

Економистите смируваат дека земјата се уште е во „зелената зона”. Создадениот систем делува на принципот на семафор – зелено – безбедно, жолто – потребни се итни мерки, црвено – рецесија. Во жолтата зона се влегува при опасност од рецесија 30%.

Зголемениот ризик од рецесија се должи на намалувањето на БДП на Германија со 0,2% од април до јули. Ако овој тренд продолжи и во периодот јули-септември, најголемата економија во Еврозоната ќе влезе во рецесија.



Видете следно

СКСЗМ: Има сектори во кои треба итно постапување

Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија на конзистентен начин ги претставува барањата на бизнис заедницата кон …