Зголемени цените на угостителските услуги


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во септември 2018 година, во споредба со август 2018 година, е зголемен за 0.2 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.2 %, Алкохолни пијалаци за 1.5 % и Безалкохолни пијалаци за 0.4 %, додека намалување е забележано во групата Ноќевања за 0.3 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во септември 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 3.1 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – септември 2018 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 2.0 %, додека во однос на декември 2017 година е зголемен за 1.6 %.


Видете следно

Владата ги објави платите на премиерот и министрите за декември

Владата на својата официјална веб-страница објави список со износот на платите на премиерот, вицепремиерите и министрите кои …