Седма сесија на Охридска школа на природно право


Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев” при МАНУ со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје денеска ја организираат седмата сесија на Охридската школа на природното право.

Темата на годинешната сесија е „Одржување на демократско општество преку зајакнување на неговите институции” и ќе се одржува до 2 јули во Охрид.


Како што најавија организаторите, во рамките на Охридската школа се предвидува научно оспособување и усовршување на 20 студенти на постдипломски студии (втор циклус на студии) и 5 студенти на докторски студии (трет циклус на студии) во областа на правните, политичките и економските науки во рамките на државните и приватните универзитети во државата.

Предвидено е учесниците да се запознаат со најновите реформски зафати во сферата на уставното право, казненото право, административното право, граѓанското право, правото за заштита на животната средина..


Како предавачи во текот на Школата ќе се јават повеќе членови на МАНУ, универзитетски професори по право и други општествени науки, адвокати, судии, претставници на невладините организации и на јавните органи. бт/сп/


Видете следно

Презентација на извештајот за справување со загадувањето на воздухот во Град Скопје

Македонска платформа против сиромаштијата денеска ќе го презентира извештајот насловен „Справување со загадувањето на воздухот …