Breaking News

Седница на Буџетски совет на Собранието на Република Северна Македонија


Буџетскиот совет на Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе одржи седница.


На дневен ред на седницата се Предлог-одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на собраниските службеници, Предлог-одлуката за начинот на утврдување на платите на вработените во Службата на Собранието на Република Северна Македонија кои вршат помошно-технички работи и немаат статус на административни службеници, како и Предлог-одлуката за начинот на функционирање и обезбедување на средства за остварување на контакти на пратениците со граѓаните. дма/мд/


Фото:МИА архива

Скопје, 24 март 2023 (МИА)