Breaking News

Седницата на Собранието на Србија на која се разгледува извештајот за безбедносната состојба по масовните убиства


Собранието на Србија денеска, трет ден ќе ја продолжи расправата за безбедносната состојба во државата по двете масовни убиства во училиштето „Владислав Рибникар“ и две села во Младеновац и извештајот поднесен од Владата, јави дописникот на МИА од Белград.


На дневен ред е и извештајот на Регулаторното тело за електронски медиуми за надзор на комерцијалните телевизиски програми за периодот октомври 2022 година – крајот на март 2023 година и извештаите за случаите на насилство во телевизиски програми.


Извештајот е придружен со предлог заклучокот на Комисијата за култура и информирање.

На предлог на пратениците од опозицијата ќе се расправа за формирање на Анкетна комисија за да се утврдат фактите и околностите кои довеле до трагедиите.


Опозицијата бара и гласање недоверба на министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ.

Раправата започна во четврток на 18 мај и продолжи еден ден подоцна на кои имаше бројни полемики на пратениците од опозицијата со премиерката Ана Брнабиќ, министерот Гашиќ и претставници на пратеничката група на владеачката Српска напредна странка (СНС).


Расправата во Собранието се однесува на барањата од двата масовни протести „Србија против насилството“ што се одржаа минатите недели во Белград. об/сд/ .

Извор: МИА