Breaking News

Седници на две собраниски комисии


Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за одбрана и безбедност и Комисијата за образование, наука и спорт.


На дневен ред на седницата на Комисијата за одбрана и безбедност се Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата во меѓународната операција на Организацијата на Обединетите Нации „УНИФИЛ“, во Република Либан и Предлогот на закон за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија, по скратена постапка.


Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт ќе расправаат по Предлог-законот за изменување на Законот за спорт, по скратена постапка. фф/свс/Фото: МИА архива .

Извор: МИА