Седници на Комисијата за финансирање и буџет и Буџетскиот совет на Собранието


На дневниот ред во Собранието за денеска се закажани 28. седница на Комисијата за финансирање и буџет и четвртата седница на Буџетскиот совет на Собранието.

На Комисијата за финансирање и буџет ќе биде презентиран Годишниот извештај за работата на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија за 2020 година.


На седницата на Буџетскиот совет на Собранието предвидено е да се презентира предлог-стратешки план на Собранието во период од 2022 до 2026 година, предлог-буџетското барање и предлог-одлуката за давање на финансиска согласност на Годишниот план за вработување во Службата на Собранието за 2022 година. ки/нд/

Скопје, 30 јули 2021 (МИА)


Видете следно

Жените вработени во градските служби во Кабул ќе останат дома

Талибанците им наредија на жените вработени во градските служби во Кабул да останат дома, а …