Breaking News

Седници на собраниските комисии за одбрана и за политички систем


Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност, за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.


На Комисијата за одбрана и безбедност на дневен ред е Предлог на закон за дополнување на Законот за служба во Армијата, по скратена постапка.


Со законот ќе се овозможи активниот и воен персонал да се стекне со право на највисока пензија што би се добила со пресметка на висината од 80 отсто од просечната нето-плата што активниот воен и цивилен персонал ја остварил во текот на најповолните десет години, но не повисока од износот на највисока пензија одредена до денот на влегување во сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се измени и дополнувања на Законот за Собранието, Предлогот на закон за амнестија, како и измените на законите за платите на судиите, на членовите на Судскиот совет, на јавните обвинители и на членовите на Советот на јавни обвинители, сите по скратена постапка.


Со Предлог закон за амнестија се овозможува алтернативна мерка условна осуда на сторителите на кривичните дела „пренесување заразна болест“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од Кривичниот законик, кои се сторени за време на прогласена вонредна состојба заради спречување на ширењето на пандемијата со коронавирусот КОВИД-19.

Седница во Собранието денеска ќе одржи и Законодавно-правната комисија. ев/вг/


МИА Фото: Архива

Скопје, 20 март 2023 (МИА)