Седум новозаболени во тетовско од Ковид-19


Тетово, 15 септември 2020 (МИА) – Тетовскиот центар за јавно здравје бележи седум нови заболени со  коронавирус во изминатото деноноќие. Вчера имаше само тројца заболени.

– Од седумте нови случаи, пет се во рамки на општина Тетово и по еден човек заболен од населените села во општините Желино и Боговиње. Сметаме дека има зголемување на бројките откако подолг период пред околу десетина дена имаше само по неколку случаи дневно. Зголемувањето се должни на одењето на летни одмори, како и на непридржување на мерките за одржување на растојание, неодржување дезинфекција и лична хигиена, информира д-р Зорица Зафировска, специјализант по епидемиологија при Центар за јавно здравје Тетово.

Тетовската полиција и понатаму бележи казни за неносење маски за заштита од Ковид-19.

– Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за неносење заштитни маски на 53 лица им се изготвени прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

На 88 лица во изминативе 24 часа им се изготвени нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Досега има 260 лица со вакви решенија.


Видете следно

ЈП „Водовод и канализација”: Скопјани пијат вода со непромент и висок квалитет повеќе од 60 години

Скопје, 26 септември 2020 (МИА) – Скопјани пијат вода со непромент и висок квалитет повеќе …