Седум поетски остварувања се избрани во потесниот круг за наградата „Антево перо” за 2020 година и од нив ќе биде прогласена победничката стихозбирка


На годинешниот Конкурс за наградата „Антево перо”, именувана според великанот на македонската поезија Анте Поповски, а која се доделува како исклучително поетско признание за необјавена стихозбирка на македонски јазик, пристигнати се 96 авторски ракописи.Соопштувајќи го овој податок, жири комисијата во состав проф. д-р Венко Андоновски, (претседател) д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски, членови, изрази задоволство и благодарност за реакцијата и нагласената заинтересираност од авторите, и констатира дека е нотиран нов рекорден број на пристигнати поетски книги што треба да се толкува како продолжение на трендот на натамошен континуиран прогрес на Манифестацијата воопшто.


Видете следно

Во 2019 година 40,1 отсто од вкупните потреби за енергија обезбедени од домашни извори

Скопје, 20 октомври 2020 (МИА) – Во текот на минатата 2019 година 40,1 отсто од …