Секој средношколец кој ќе биде награден ќе добива месечен паричен надоместок од државата


Секој средношколец од Македонија кој ќе успее да земе учество на некој од тринесетте признати меѓународни натпревари и ќе освои едно од првите три места ќе добива месечен паричен надоместок.

Заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски истакна дека оваа нова системска стимулативна мерка е дел од пакетот 40 мерки за млади.

Конкурсот е објавен на интернет страницата на министервото за образование и науки, а доставувањето на соодветната доказна документација ќе може да се продолжи до 31 август годинава.

Во периодот што следи, Ристовски истакна дека ќе бидат исплатени еднократниот финансиски надомест во висина од 50 проценти од просечна нето плата во земјата за учениците кои ќе освојат прво место на државен натпревар по сите предмети и еднократни надоместоци од 50, 40 и 30 отсто од просечната нето плата следува и за учениците кои освоиле прво, второ и трето место на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки. Минатите две години по овие два основа МОН исплатило 450 парични награди.


Видете следно

Гејтс: Лекот и вакцините не треба да бидат достапни само за оние што ќе платат

Милијардерот Бил Гејтс денеска апелираше лековите за Ковид-19 и потенцијалната вакцина да бидат достапни на …