Breaking News

Семејство сподели искуство за Бин Бин: Внимавајте со апликацијава. Ми се чини дека во случајов залудна е и Агенцијата за заштита на потрошувачи


Во текот на вчерашниот ден по социјалните мрежу кружеа фотографии и постови од новите тротинети што ги изнајми ЈП „Градски паркинг“ од „BinBin“. Ви споделуваме еден од постовите:


Со постов сакам да ви го свртам вниманието и да ви споделам едно горко искуство од синоќа со BinBin градскиве тротинети. Синоќа ќерка ми изнајмила тротинет. Го активираш тротинетот односно сесијата, го возиш тротинетот, застануваш, го сликаш каде е, апликацијата го лоцира кодот од тротинетот, ја завршуваш сесијата со копчето End Ride и готово. Е ама не е готово. Неприметно копчето End Ride повторно се враќа за кратко време во функција. Сесијата као завршува, барем таков впечаток добиваш но броењето на пари во позадина не завршува. Се појавува функционален “bug” во апликацијата кој истата не ја застанува и не ја регистрира сесијата на сервер туку само за момент во самата апликација. На сервер си работи. Ти кажува дека се’ е во ред, тротинетот е заклучен, повторно го става во mode да стиснеш unlock ако сакаш пак да го активираш, а во позадина апликацијата си работи и си брои пари. Можеш да приметиш на главниот екран од акаунтот дека брои време како да е сеуште букиран тротинетот, а со тоа и дека ти брои средства. Сакаш повторно да го сликаш тротинетот и да стиснеш End Ride за да ја завршиш сесијата. Не ти дозволува да го направиш тоа. Залудно се трудиш. Не е битно дали ставаш средства претходно во Wallet или плаќаш веднаш цел износ со комплетно префрлање средства на крајот од возењето. Таа секако си брои. Не можеш да платиш. Сесијата си трае. Не запира. Нема како да ја запреш преку апликацијата. И во Wallet кога ќе ги надмине средствата не застанува. Сеуште брои време и средства. Да платиш не можеш, сесијата не можеш да ја сопреш иако претходно си активирал End Ride за да ја завршиш услугата. Е сега да не се сфатиме погрешно. Пишувам за нашиов случај од синоќа. Не за секој друг случај. Значи апликацијата си брои без оглед на се’. Ако не приметиш дека по заклучувањето на апликацијата и заклучениот тротинет апликацијата си брои во позадина отидоа куп пари. Нема како да го прекинеш броењето бидејќи според апликацијата тротинетот е веќе во мирување и е заклучен. Не можеш два пати да го заклучиш. Толку. Ама пари и понатаму си брои. Треба да се бркаш со Help центарот online со допишување цела вечер за да успееш да го прекинеш броењето. Допишувањето е стриктно на англиски јазик (сепак некои луѓе не знаат англиски) или на турски јазик (BinBin е турска фирма). Во меѓувреме апликацијата си брои пари. Не е важно што тротинетот си го заклучил и оставил, а во меѓувреме можеби друг го превземал. Ти се мачиш со апликацијата, кај тебе стои активен кодот и иако го гледаш како заклучен, веќе некој друг може да го изнајми и да си го вози што всушност синоќа и се случи. Тебе важно сеуште ти брои пари односно апликацијата бидејќи има активна сесија која не можеш да ја прекинеш истата симулира дека го возиш. Полиција не може да ти помогне (и тоа го пробавме) бидејќи немаат никаков контакт со тоа. Реално се сложувам дека не е во нивна надлежност ниту пак се запознаени со некаква процедура врзана за ова. Воопшто не ги обвинувам. Беа максимално културни но едноставно не можеа да ни помогнат. Сакам да кажам ти нема помош. Физички немаш каде да се обратиш. Само губиш време ако стоиш. Апликацијата продолжува да си брои пари. Истата има активен “bug” кој си работи во позадина и му генерира податоци на серверот дека ти сеуште активно си го возиш тротинетот. И додека ти се бркаш со Help центарот тоа си брои пари, нема како да си ги вратиш парите или да го поништиш екстра направениот долг во меѓувреме додека се бркаш со Help центарот. Се’ е online, физичко лице нема со кое можеш да контактираш, поддршката е online и најверојатно не е ниту во Македонија (не тврдам). Незаштитени ти се средствата комплетно. Нема каде да се пожалиш. Не постои ништо. Сигурно постои некое физичко лице кое се регистрирало како правно лице во државава за да ја извршува наведената услуга и толку. Ги поставил тротинетите по градов и започнал со дејноста. Само тоа е најверојатно физичкиот дел од работава. Се’ е друго online и практично физички не постои и си немоќен ништо да направиш. Ајде да направиме една брза калкулација. Замислете вашето дете еднаш во 10 дена решило со вашата картичка која сте му ја дале да плати за возењето со изнајмен електричен тротинет. Завршува со возењето, слика, праќа и готово. Се’ е во ред. Навидум. Јас не велам дека тоа е секојдневно. Тоа се функционални “bug”-ови во една апликација кои не мора да се појават секогаш (грешки при изработка на софтверот кои се појавуваат во текот на неговото користење и нарушуваат употреба на одредени негови функции). Може скоро никогаш да не се појават, но може во еден период да се појават и премногу често бидејќи при тестирањето на апликацијата пред да се пушти во јавна употреба истата, не биле пронајдени тие “bug”- ови што во конкретниов случај е еден огромен пропуст на фирмата која го тестирала софтверот. Тестирањето на апликацијата може само да го докаже постоењето (присуството) на грешките (bugs), не може да го докаже и нивното отсуство. Во случајов е евидентно дека тие “bug”- ови постојат во апликацијата. И замислете да се појави овој функционален “bug” и да се активира како синоќа што се активираше во апликацијата инсталирана на телефонот на ќерка ми. Апликацијата продолжува во позадина да си брои пари. И ете вашето дете платило за услугата пред 10 дена и 10 дена не ја гледа апликацијата. После десет дена детето повторно ја вклучува апликацијата и сака повторно да изнајми електричен тротинет. Приметува дека апликацијата сеуште брои. Цената е 9 ден. за една минута. За 24ч ќе ви набилда сметка cca 13000ден. За 10 дена cca 130000ден. Вистински хорор. 10 просечни тротинети ќе купите за тие пари. Нема каде да се обратите. Долгот е направен мора да си го платите. Немоќни сте. Што правиме? Залудно е кубење коси. Се’ е залудно. Уште и извршител ќе ви се јави за да си го подмирите долгот доколку во зададениот рок не го подмирите. Значи за наплата се’ е одлично организирано. Во рок од неколку дена (има рок, не сум во потполност сигурен кој е вистинскиот) треба да си го подмирите долгот. Во спротивно ќе си имате присилна наплата. Додека не го платите долгот не можете да го избришете акаунтот од апликацијата. Не можете да се скриете. Ве имаат и ве гледаат кои сте. Ви го имаат телефонот. Не зборувам ништо на памет. Ништо не нафрлам. До 04ч синоќа лутавме и едвај ја исклучивме активноста на тротинетот преку online help со некој момак Ахмед, најверојатно од Турска (не тврдам) кој беше најверојатно задолжен синоќа како техничка поддршка во Help центарот со кој на крај успеавме некако да искомуницираме во потполност. Му благодарам и за тоа. Парите ги плативме и сето екстра кое како сметка се набилда во меѓувреме од страна на апликацијата додека лутавме и баравме решение. Уште требаше да бидеме и среќни што не беа повеќе пари за плаќање. Па и бевме верувајте. До толку е работава. Бричен, нецеливан е целава ситуација. Многу јака голгота беше тоа синоќа. Внимавајте со апликацијава. Ми се чини дека во случајов залудна е и Агенцијата за заштита на потрошувачи. Поздрав…