Breaking News

Семинар на тема „Вклучување во ЕУСАИР и Интерег ИПА програмите“


Во просториите на Јуроп хаус Скопје денеска ќе се одржи семинар на тема „Вклучување во ЕУСАИР и Интерег ИПА програмите”.


На семинарот ќе присуствуваат млади лица, младински чинители, експерти и претставници од академската фела, претставници на институциите вклучени во програмите, како и корисници на Интерег-ИПА програмите, со цел сите потенцијални корисници на овие програми подобро да се запознаат со стратегиите за регионот и конкретните можности за нивно вклучување.


На настанот обраќање ќе имаат Крисела Хацкај, извршен директор на Институтот за соработка и развој од Тирана, Албанија, Жил Кител, менаџер на тим од Инструментот за претпристап, преговори за проширување и ЕУСАИР и претставник од Европската комисија, Зоран Димитровски, заменик-министер за локална самоуправа, како и Зуица Змејковска, претставник од програмата ЕУСАИР за Северна Македонија.см/са/