Северна Кореја ги забранува кучињата како миленичиња


Ким Јонг Ун минатиот месец објави дека чувањето куче како домашно милениче е нелегално.

Властите започнаа присилно да земаат кучиња од нивните сопственици или принудувајќи ги да ги напуштат, пренесуваат јужнокорејските медиуми.

Според извештајот на ООН, околу 60% од популацијата на Северна Кореја од 25,5 милиони се соочува со „сериозен недостиг на храна“.

Ситуацијата се влошува со меѓународните санкции наметнати на земјата поради нејзините нуклеарни тестови.

Кучешкото месо е деликатес на Корејскиот Полуостров, со приближно 1 милион кучиња кои се чуваат на фарми за храна во нејзините јужни делови.

На северот, кучето е многу популарно, бидејќи се смета за извор на енергија и издржливост во текот на летните месеци.

Во зима, се верува дека ја зголемуваат телесната температура.


Видете следно

Канабисот „поддржан” од Претставничкиот дом во САД, се чека Сенатот

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои закон со кој првпат се дозволува употреба на канабисот. …