Северна Кореја отвори нов град и го нарече „симбол на цивилизацијата“


Северна Кореја официјално отвори нов град, каде лидерот Ким Јонг-ун прв ја пресече црвената лента. Во Самгион, ќе може да живеат 4.000 семејства во нови станови.

Градот има скијачка патека и стадион, а се тврди дека присилната работа била користена во изградбата на градот.

Водачот на Северна Кореја Ким го посети градот Самгион пред само две години, каде за првпат најави голем проект за обнова.

Но, градот не беше изграден целосно од нула, туку напротив, тој беше град и така постоеше. Некои згради се реновирани, додека многу се урнати и на нивното место изградени се нови.

Претходно, државните медиуми објавија дека ќе бидат изградени над 450 нови згради, вклучително и индустриски и објекти за одмор.

Инаку градот се наоѓа близу до планината Пекту, која се смета за света планина во Северна Кореја и се вели дека е родното место на таткото на Ким Јонг Ун.


Видете следно

На денешен ден беше застрелан, а остана еден од најголемите музички икони на дваесетиот век

Џон Винстон Ленон е роден на 9 октомври 1940 е познат како пејач, композитор и …