Шахпаска: Имаме понуда која носи развојна економија и ги штити работничките права


Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) – За неполни три години направивме голем пресврт во државата на подобро. Покажавме што значи да се работи чесно, одговорно и во интерес на граѓаните.Баравме и најдовме решенија за сите граѓани, никој не беше изоставен, ниту заборавен. Но, ние знаеме дека можеме уште повеќе, можеме уште уште повече, порача Јагода Шахпаска, носител на листата на СДСМ во ИЕ 3 која денеска во рамки на изборната кампања беше во посета на Пробиштип.

Таа истакна дека лоалицијата „Можеме” има понуда кој носи нова македонска развојна економија, која ги штити работничките права, носи повисоки плати и нови работни места.

-Трендот на раст на платите продолжува. До крајот на мандатот минималната плата ќе достигне 20.000 денари. Тоа е плата повисока за дури 120% од оние 9.000 денари на ДПМНЕ во 2016 година. Истовремено, просечната плата ќе достигне 34.000 денари. Продолжува и повратот на пари кај граѓаните, уште повеќе. Месечниот поврат на ДДВ го зголемуваме на 800 денари месечно, рече Шахпаска.

До крајот на мандатот, додаде таа, нашата економија е проектирана да достигне солиден и одржлив раст од 4 проценти, а стабилната и развојна економија ќе обезбеди пензиите да растат заедно со платите, во континуитет, при што најниските пензии ќе ги покачат за најмалку 21 процент.
-Од една страна е СДСМ, која го реализира концептот парите назад кај граѓаните, а од другата ВМРО-ДПМНЕ, партијата која нуди единствено обнова на режимот. Граѓаните нема да заборават дека ВМРО-ДПМНЕ беше против зголемена минимална плата, против покачување на пензиите, против проектот Мој ДДВ со кој првпат државата враќа пари на сметките на граѓаните. Токму затоа, на 15 јули граѓаните ќе одберат парите да завршуваат во нивниот буџет, а не во белиот дворец. Нема да дозволат обнова на режимот кој ги крадеше парите. Ќе одберат да продолжи растот на платите и пензиите, подобар животен стандард за сите. Затоа што сите заедно може и подобро и повеќе, порача Шахпаска.


Видете следно

Скопскиот регион со најголемо учество во БДП, најмало во североисточниот

Скопскиот регион има најголемо учество во бруто-домашниот производ. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат …