Шаќири: Наскоро ќе биде објавен повикот за избор на учебник по англиски јазик


Повикот за избор на учебник по англиски јазик ќе биде објавен за многу брзо време и очекувам во текот на наредната учебна година конечно да се реши проблемот со учебниците за странски јазици, изјави денеска министерот за образвание и наука Јетон Шаќири.


-Овој проблем е повеќе од три години. Заедно со Педагошката служба, како одговорен дел во Министерството за образование и наука, веќе е подготвен начинот и правилникот за повик за учебник за странски јазици. Во новиот закон за учебници за основно и средно образование ќе бидат вклучени сите проблеми кои ги увидовме во овој процес на подготовка на учебници, а повикавме и секој што може да даде придонес во овој процес да се приклучи. Новиот закон ќе биде отворен за да имаме подобра, поефикасна, поевтина и поквалитетна постапка во изборот на учебници за странски јазици, рече Шаќири во одговор на прашање при денешната посета на Универзитетот Гоце Делчев во Штип.


Нагласи дека во новиот закон за учебници ќе се земат во предвид сите подобри примери од регионот и пошироко.вј/са/