Шампионска понуда од Мтел – за секој нов претплатник до 28 мај втор STB уред за само еден денар


Уживајте во одличните фудбалски доживувања кои што претстојат со одличната телевизија на Мтел.

Телекомуникацискиот оператор Мтел подготви нова супер промотивна за новите корисници на Msat TV сателитската телевизија. Со секоја апликација за користење на Плус пакетот на Msat TV идните корисници имаат можност да добијат втор STB уред за само еден денар во траење од 24 месеци.


„Со новата промотивна понуда на корисници им даваме можност да уживаат во своите омилени телевизиски програми на два различни уреди. Мсат нуди богата и возбудлива содржина на филмските канали, Арена каналите ги пренесуваат најинтересните спортски случувања, како претстојното финале на Лига на шампиони а имаме и одличен избор и на музички, документарни и детски канали.
“, велат од компанијата.

Промотивната акција е активна од 21 до 28 мај и може да ја искористат сите
заинтересирани граѓани било каде низ Македонија со повик на телефонскиот број 15010, преку веб страна www.mtel.mk или при посета на продажниот салон на Мтел на улица Македонија во Скопје.


Плус пакетот на Msat TV вклучува повеќе од 130 канали со ексклузивна телевизиска програма вклучувајќи ги Арена и Еуроспорт спортските канали, Суперстар филмските канали, Еуроњус Србија, Пинк каналите. Пакетот, како и останатите два во понудата на Msat TV, е достапен за новите корисници по промотивна понуда – половина претплата во првите 12 месеци.


Видете следно

Потпишување на договор за новата инвестиција „e.GO” во ТИРЗ – Тетово

Во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Тетово денеска ќе биде потпишан договорот за новата германска инвестиција …