Sharp повторно почна да заработува


Јапонскиот производител на електрични уреди Sharp се врати во деновите на печалба. Тој ги зголеми своите приходи минатата година, благодарение на поголемата продажба и намалувањето на трошоците.

Компанијата од Осака постигна нето профит од 17,7 милијарди јени ( 175 милиони долари ) во периодот април- декември спрема загубата од 424,3 милијарди јени година порано. Продажбата порасна 21,0 % до 2,16 трилиони јени поради силната побарувачка на панели, вклучувајќи ги популарните IGZO дисплеи за мобилни телефони.

” Покрај тоа зедовме низа мерки во компанијата за подобрување на основите на бизнисот, вклучувајќи го радикалното намалување на општите и фиксни трошоци.”, се вели во пораката.

Sharp ревидираше кон покачување на прогнозите за продажбата за целата година, завршувајќи во март, до 2,9 трилиони јени спрема 2,7 трилиони, како што е првично предвидено.


Видете следно

Наслов: Донација од кинеската полиција за вработените во Министерството за внатрешни работи

Во рамки на повеќедецениската и извонредно добра билатерална соработка со кинеската полиција, a на претходно …